Коѕиас: Треба да созреат условите за компромис
Во интервју за неделното издание на „Катимерини“, вели дека мерките за градење доверба меѓу двете земји имаат за цел да ги подобрат социјалните и економските односи, но кога е во прашањето спорот за името, тој смета дека треба да созреат условите во нашата земја, за да се прифати компромисно решение.

„Компромисно решение за спорот со името сѐ уште не е на повидок“, оценува грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коѕиас.
Во интервју за неделното издание на „Катимерини“, вели дека мерките за градење доверба меѓу двете земји имаат за цел да ги подобрат социјалните и економските односи, но кога е во прашањето спорот за името, тој смета дека треба да созреат условите во нашата земја, за да се прифати компромисно решение.
Коѕиас го оцени како успешен министерскиот состанок во Солун, на којшто присуствуваше и шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, а каде главна тема беше бегалската криза.
