Според роковникот на ДИК, почна изборната кампања
Државната изборна комисија, за учество во изборите на петти јуни, ја потврдија само кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ и на коалициските партнери. Поради недостатоци беше отфрлена кандидатската листа на Народното движење за Македонија.

Според роковникот на ДИК, денеска почнува изборната кампања за предвремените парламентарни избори на петти јуни. Законски треба да трае до трети јуни до полноќ.
Како што стои во роковникот, предвидени се јавно собирање и други настани организирани од учесниците на изборите, јавно истакнување на плакати, видео презентации, изборно медиумско и интернет претставување.
Државната изборна комисија, за учество во изборите на петти јуни, ја потврдија само кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ и на коалициските партнери. Поради недостатоци беше отфрлена кандидатската листа на Народното движење за Македонија.
Сѐ уште ДИК официјално нема објавено дали ќе одржи работен состанок во текот на денот.
