Синдикатот на одбраната ќе протестира поради неисполнување на барањата
Главните барања на синдикатот се зголемување на платите за 20 проценти, на ниво на полицајците и цариниците, како и изедначување на висината на дневницата со онаа на припадниците на полицијата.

Синдикатот на одбраната и безбедноста донесе одлука в сабота да излезе на протест пред ресорното министерството и пред владата. Оттаму велат дека не успеале да седнат на преговарачка маса со Министеството за одбрана за исполнување на нивните барања, за кои сметаат дека се во насока на подобрување на стандардот на вработените во одбраната и армијата.
Главните барања на синдикатот се зголемување на платите за 20 проценти, на ниво на полицајците и цариниците, како и изедначување на висината на дневницата со онаа на припадниците на полицијата.
Од Синдикатот велат дека ако не успеат да ја постигнат целта, протестот ќе се претвори во штрајк во институциите.
