Вељаноски од Рим: Немам уставни можности да го свикам Собранието
Запознат сум со случувањата и сите тие барања пред Собранието и за самото Собрание и би сакал да го повторам оној општо познат став, што го имав досега искажано дека јас, верувајте, немам уставни можности да свикам седница на распуштено Собрание, рече претседателот на Собранието...

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски денеска повтори дека нема уставни можности да свика седница на распуштено Собрание.
„Ја пратам ситуацијата во Македонија овие два дена. Запознат сум со случувањата и сите тие барања пред Собранието и за самото Собрание и би сакал да го повторам оној општо познат став, што го имав досега искажано дека јас, верувајте, немам уставни можности да свикам седница на распуштено Собрание. Тоа е основото правило на еден уставен и правен поредок на која било држава вклучувајќи ја и Република Македонија“, изјави Вељаноски, запрашан за актуелната политичка состојба денеска во Рим каде што ја предводи македонската делегација по повод чествувањето на свети Кирил.
