Осомничените за случајот „Ќелија“ ја признаа вината, се очекува пресуда во среда

16.05.2016 14:40

Обвинетите во случајот „Ќелија“ ја признаа вината. Уште петмина членови на групата поврзана со сириските боишта, ги прифати сите обвиненија што им се ставаат на товар. Поголемиот дел од нив, наведоа дека имаат семејства и побараа од судот поблаги казни. Пресудата ќе биде изречена в среда.

Ги видоа доказите на обвинителството и признаа дека се виновни. Уште петмина членови на групата поврзана со сириските боишта ги прифати сите обвиненија што им се ставаат на товар. Поголемиот дел од нив, наведоа дека се семејни луѓе и побартаа од судот поблаги казни.За нив пресудата ќе биде исречена во среда.Седуммина нивни соборци претходно признаа вина. Се спогодија со обвинителството по што им беа изречени минимални затворски казни, од пет и пол до седум години.

„Во една таква ситуација кога првите седум обвинети се опфатени во истото обвинение заедно со останатите, каде што се опишуваат одредени дејствија дека првообвинетиот ги презел заедно со останатите, според мене направивме максимум за пред се да биде најдоброто за обвинетите“, вели адвокатот Асмир Алиспахиќ.

Групата е обвинета за врбување војници кои ќе се борат од страната на Исламска држава, но и за логистика – собирање пари, организирање транспорт на членовите на групата и директно учество во престрелките. Меѓу обвинетите е и лекарот Стефан Стефановски кој призна дека бил во Сирија за да ги лекува ранетите војници на ИСИС.

МВР ја спропведе акцијата Ќелија во август минатата година. Полициските специјалци извршија претреси во повеќе објекти, меѓу кои и скопската џамија Тутунсуз, каде беше уапсен оџата Реџеп Мемеши. Тој како организатор на групата правосилно е осуден на седум години робија.

 

Анита Димитријевска