Турските сили убиле 27 џихадисти во Сирија
16.05.2016 13:42
Нападите биле извршени во неколку области во северните делови на земјата од позиции покрај граничниот турски град Килис.

Во последните воздушни напади на турските вооружени сили врз цели на Исламска држава во Сирија се убиени најмалку 27 џихадисти. Нападите биле извршени во неколку области во северните делови на земјата од позиции покрај граничниот турски град Килис.
Воени авиони на коалицијата предводена од САД, истовремено бомбардирале цели на џихадистичката групација во северна Сирија.
Изминатите месеци во турскиот град Килис, кој се наоѓа спроти регион во северна Сирија, контролиран од ИД, паднаа над 70 ракети, истрелани од џихадистите.
