Колумбија: Запленети рекордни осум тони кокаин
Претседателот на Колумбија Хозе Мануел Сантос и честиташе на полицијата за акцијата. Во соопштението од полицијата се наведува дека дрогата му припаѓала на криминалниот клан Усуга, а во акцијата биле уапсени три лица, додека пак тројца успеале да избегаат.

Колумбиската армија соопшти дека силите за безбедност на Колумбија конфискувале осум тони кокаин во северозападните делови на земјата, што е најголема заплена на нелегални супстанци во историјата на јужноамериканската држава. Наркотиците биле скриени во товар со банани во близина на севернозападниот крајбрежен град Турбо, во провинцијата Антиокија. Членовите на организацијата се претежно поранешни борци од крајнодесничарски милитаристички групи. Министерот за одбарана на Колумбија, Луис Карлос Вилјегас изјави дека околу 1,5 тони кокаин биле спакувани и подготвени за продажба.
„Уличната вредност на кокаинот изнесува околу 250 милиони долари, така што ова е голем удар за финансиите на фамилијата усуга и воопшто на шверцерите со дрога во областа ураба во Колумбија“, вели Луис Карлос Вилјегас, министер за одбрана на Колумбија.
Претседателот на Колумбија Хозе Мануел Сантос и честиташе на полицијата за акцијата. Во соопштението од полицијата се наведува дека дрогата му припаѓала на криминалниот клан Усуга, а во акцијата биле уапсени три лица, додека пак тројца успеале да избегаат.
Кланот Усуга е познат по трговијата со наркотици, но и по други криминални дејствија како што се киднапирања и убиства. Се проценува дека кланот има околу 2.000 членови, а во текот на претходните пет години се уапсени 6.700 припадници на групата.
Марина Автовска
