Известување за начинот на информирање
Јавниот радиодифузен сервис е должен да обезбеди рамноправен пристап во информативната програма...

За време на изборната кампања, Јавниот радиодифузен сервис е должен да обезбеди рамноправен пристап во информативната програма, при што, 30 проценти од времето емитува за дневните настани од земјата и од светот, 30 проценти од времето за активностите на политичките партии на власт, 30 проценти од времето за активностите на политичките партии во опозиција и 10 проценти од времето за активностите на политичките партии кои не се претставени во Собранието на Република Македонија.
Поради тоа што не се исполнети сите услови за известување, според одредбите од изборниот законик кои се однесуваат за Јавниот радиодифузен сервис, информативната редакција подготвува стандарден концепт на дневникот.
