Концесија за риболов на Матка
Риболовните здруженија и фирмите од оваа дејност можат да се јават на повикот за доделување на концесија за рекреативен риболов на акумулацијата Матка. Повикот трае до крајот на јуни, а изборот е по пат на електронско наддавање.

Концесијата се однесува за рекреативен риболов за период од шест години на целата површина на Акумулација Матка и дел од реката Треска каде шти се влива во неа.
Право на учество на Јавниот повик имаат рибарските здруженија и домашни и странски правни лица регистрирани во Македонија.
Со документите потребено е да се достави потврда дека барателот е регистриран и се занимава со дејноста рибарство, доказ дека ја има потребната опрема за вршење на рибочуварската служба и дека ќе вработи потребен број на лица за заштита на рибите.
Критериум според кој ќе се изврши изборот е највисокиот понуден износ за концесијата на електронското надавање.
Краен рок за пријавување за учество е 30 јуни 2016 година.
Методија Трајков
