САД: Обнова на инфраструктурата за поголем економски раст
Обновата на инфраструктурата е неопходна за економскиот раст на Соединетите Американски Држави, но и за обезбедување на нови работни места. Според последните анализи за реконструкција на инфраструктурата до 2025-та година ќе бидат потребни 3,3 трилиони долари...

Инвестициите во инфраструктурата се критичен фактор за одржлив силен економски раст на Соединетите Американски Држави, оценуваат експертите. Според асоцијацијата на инжинери, федералната влада и приватните компании мора да соработуваат бидејќи не можат сами да обезбедат доволно финансиски средства за обнова на инфрастуктурата.
„Асоцијацијата на американските инжинери посочи дека ќе бидат потребни 3,3 трилиони долари за да се врати инфраструктурата во добра состојба до 2025-та. Денеска се трошат половина од овие неопходни средства само за одржување. Во ова не се предвидени трошоците за модернизација“, изјави Џејсон Грумет, претседател на „Центар за непартиска политика“ во Вашингтон.
Многу мостови, автопати и аеродроми не се безбедни или немаат доволно капацитет. Проблем е и што проектите за нивна реконструкција мора да чекаат неколку години за одобрување.
„Типично за преглед на проект за реконтрукција на инфраструктурата се потребни 4,7 години. Ако се потребни само 11 месеци за одобрување, ќе можеме да направиме многу повеќе“, смета Даг Петерсон, претседател на „Стандард енд Пурс Глобал“.
„Еден од најголемите ризици за приватниот и јавниот сектор е што кога ќе почнете проект, имате процес на ревизија што наштетува бидејќи трае со години“, изјави Сузан Стори, претседател на „Американ вотер“.
Во студијата за реконструкција и модернизација на инфраструктурата во САД, се предвидуваат поголеми надлежности на локалните власти и земање во предвид на потребите на граѓаните.
Во наредните децении, бројот на населението во САД ќе порастен до 300 на 400 милиони, за што ќе биде потребна поразвиена инфраструктура.
Ирина Гелевска, постојан дописник од Вашингтон за МРТ
