ОБСЕ нема да испраќање вооружени набљудувачи во Украина

17.05.2016 10:14

Заниер смета дека испраќањето вооружени набљудувачи на организацијата за безбедност и соработка во Европа во источна Украина може само да ја искомплицира состојбата.

Генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберто Заниер смета дека испраќањето вооружени набљудувачи на организацијата за безбедност и соработка во Европа во источна Украина може само да ја искомплицира состојбата.

Тој нагласи дека ОБСЕ се откажала од испраќање мисија под оружје во Украина, потенцирајќи дека невооружените набљудувачи се поефикасни во набљудувањето на линијата на фронтот во Донбас.