Нови демонстрации на „Протестирам“
Демонстрантите ги повторија барањата за повлекување на аболицијата со оставка од Иванов, формирање специјално одделение во Кривичниот суд за предметите на СЈО, спроведување на реформите со поголемо учество на граѓанското општество.

Вчера нови демонстрации во организација на иницијативата „Протестирам“. Во Скопје, протестот почна во 18 часот пред Специјалното јавно обвинителство и продолжи кон Собранието и Министерството за надворешни работи, институции кон кои се фрлаше со боја, за да заврши пред Владата.
Демонстрантите ги повторија барањата за повлекување на аболицијата со оставка од Иванов, формирање специјално одделение во Кривичниот суд за предметите на СЈО, спроведување на реформите со поголемо учество на граѓанското општество.
Рекоа дека нема да дозволат еднопартиски избори. Протести имаше и во други градови.
