ГДОМ: Изборите се излез од кризата
17.05.2016 10:37
Според ГДОМ, предвремените парламентарни избори се единствeна шанса за излез од политичката криза и за напредок на Македонија.

Вчера попладне нови собири и на Граѓанското движење за одбрана на Македонија. Од ГДОМ рекоа дека нема да дозволат деструктивни сценарија.
Пораката од овие собири беше дека 5-ти јуни ќе претставува референдумско изјаснување за иднината на земјава. Според ГДОМ, предвремените парламентарни избори се единствeна шанса за излез од политичката криза и за напредок на Македонија.
ГДОМ организираше граѓански собири во неколку градови.
