Ерменија и Азербејџан договорија примирје
17.05.2016 10:39
На средбата било потенцирано дека конфликтот не може да се реши по воен пат, поради што групата инсистира на почитување на договорот за примирје.

Претседателите на Ерменија и Азербејџан, Серж Саргсјан и Илхам Алиев во Виена разговараа за конфликтот во регионот Нагорно- Карабах. На состанокот присуствувале и шефовите на дипломатиите на Русија, Сергеј Лавров, на САД Џон Кери, како и државниот секретар за европски прашања на Франција, Харлем Дезир.
На средбата било потенцирано дека конфликтот не може да се реши по воен пат, поради што групата инсистира на почитување на договорот за примирје.
Ерменскиот и азербејџанскиот претседател изразија поддршка за примирјето и мирно решавање на конфликтот.
