Пентагон: ИД загубила половина од територијата во Ирак

17.05.2016 11:40

ИД ја загуби контролата врз Рамади и Хит во Ирак, но се уште ги држи важните градови како што се Мосул и Фалуџа, како и Рака...

Портпаролот на Пентагон, Питер Кук изјави дека Исламска држава и натаму ја губи контролата врз териториите ширум Ирак и Сирија, наведувајќи дека екстремистичката организација загубила речиси половина од територијата во Ирак.

ИД ја загуби контролата врз Рамади и Хит во Ирак, но се уште ги држи важните градови како што се Мосул и Фалуџа, како и Рака која ја смета за главен град на својот Исламски калифат.