Уставниот суд утре ќе расправа за Одлуката за распуштање на Собранието

17.05.2016 11:56

Иницијативата, која е поднесена од пратеникот на ДУИ Талат Џафери, е единствена точна на дневен ред на седницата...

Уставниот суд утре ќе расправа за иницијативата на Демократската унија за интеграција за преиспитување на уставноста на одлуката за распуштање на Собранието.

Информацијата за седницата на која ќе се расправа по оваа иницијатива што ја достави Талат Џафери од ДУИ, е објавена на официјалната веб страницата на Уставниот суд и е единствена точка на дневен ред.

Итноста на ставањето на дневен ред на оваа иницијатива, поднесена пред пет дена, од Уставен ја објаснуваат со тоа дека „прашањето не можело да чека“.