Тирана: Одземени 1,3 милиони долари нафтениот тајкун Резарт Тачи
17.05.2016 11:02
Тој, како сопственик на рафинеријата „Армо“ во Албанија за четири години затаил данок во износ од околу шест милиони евра.

По наредба од судот во Тирана, албанската полиција блокираше банкарски сметки на сопственикот на албанската нафтена индустрија „Оил Тачи“, Резарт Тачи, кој е обвинет за затајување данок.
Тој, како сопственик на рафинеријата „Армо“ во Албанија за четири години затаил данок во износ од околу шест милиони евра.
Тачи на 9 мај годинава беше уапсен во Швајцарија каде што издржува мерка притвор.
