Утре средба Хан- Вучиќ

17.05.2016 13:15

Хан утре пред посетата на Приштина ќе слета во Белград, за да се сретне со српскиот премиер Александар Вучиќ, изјави портпаролката на европска комисија Маја Коцијанчич...

Еврокомесарот  за проширување Јоханес Хан утре пред посетата на Приштина ќе слета во Белград, за да се сретне со српскиот премиер Александар Вучиќ, изјави портпаролката на европска комисија Маја Коцијанчич.

Според неа станува збор за куртоазен состанок, нагласувајќи дека еврокомесарот лета за Приштина преку Белград.

Хан утре е во официјална посета на Приштина, каде што ќе се сретне со претседателот  Тачи, премиерот Мустафа, претседателот на парламентот Весељи и со лидерите на опозициските партии.

Повод за посетата е стапувањето во сила на Договорот за стабилизација и асоцијација, како и разговорот со владата и опозицијата за потребата за примена на реформите.