Донирани едукативни картички за полесна комуникација на децата со аутизам

17.05.2016 13:21

Картичките се направени според „Пекс системот“, што овозможува олеснување на комуникацијата за децата кои имаат потешкотии во говорењето.

„Децата за деца“ е хуманитарна акција на Француското интернационално училиште преку која се обезбедија едукативни картички наменети за децата во Дневниот центар за деца со аутизам.

Навистина сме среќни што имавме можност преку акцијата „Децата за децата“ да помогнеме на Дневниот центар за деца со аутизам. Со овие картички се надеваме дека ќе го олесниме секојдневието децата до Центарот, но исто така ќе се обидеме и со други активности да бидеме активни. Поради тоа нашите ученици направија посебна изложба за своите другарчиња, изјави Жан Франсоа Ле Рок, претседател на Управниот одбор на училиштето.

Картичките се направени според „Пекс системот“, што овозможува олеснување на комуникацијата за децата кои имаат потешкотии во говорењето. На овој начин тие ќе можат да ги искажат своите основи потреби.