Попоски: Транзитирањето на над милион бегалци е директен ефект од конфликтите на Блискиот Исток

17.05.2016 13:24

Според министерот за надворешни работи, Никола Попоски,Македонија никогаш немала поголема соработка со грчките власти како сега околу мигрантската криза...

Зголемување на транснационалните закани за безбедноста на земјите од Западен Балкан беше тема на конференцијата посветена на конфликтот на Блискиот Исток и Северна Африка.

Транзиритирањето на над милион бегалци низ Македонија е директен резултат од конфликтите на Блискиот Исток врз нашата држава, посочи министерот Попоски, кој рече дека Македонија одбрала задно со партнерите и соседите да биде дел од европското решение.

Според него, Македонија никогаш немала поголема соработка со грчките власти како сега околу мигрантската криза.

Интерес на сите е решение во европски рамки. Друга можност е наше докажување колку сме значаен партнер во однос на европската интеграција. Сами не можеме ниту ние да имаме решение за мигрантска криза, ниту пак Европа без нас ќе има подобро решение- нагласи шефот на дипломатијата.