Нов концепт за одржлив развој на градовите во Западен Балкан

17.05.2016 12:51

Семинарот го отворија министерот за животна средина и просторно планирање, Башким Амети и амбасадорката на Република Франција, Лоренс Оер, а го организира Францускиот институт во Скопје.

„Новите градови на Балканот: Реконструкција за каква иднина?“ е темата на семинарот на кој се дискутира за нов концепт за одржлив развој на градовите во Западен Балкан.

Семинарот го отворија министерот за животна средина и просторно планирање, Башким Амети и амбасадорката на Република Франција, Лоренс Оер, а го организира Францускиот институт во Скопје.

Да се размислува во поглед на урбаниот простор и градот денеска претставува една актуелна тема. Во Скопје тоа е тема што е многу важна и поставува многу прашања кај граѓаните околу заштитата на животната средина. Секој посетител на Скопје, со секој поглед на градот не може да биде индиферентен на промената и мешавината на социјалните движења, рече амбасадорката Оер.

Министерот Амети посочи дека е особено значајно да се обезбеди соодветно урбано планирање, со заедничка примена на транспортната политика, политиката за постапување со отпадот, изградба на енергетско ефикасни објекти и регулирање на речните корита и планирањето на зелените површни кои се значајни во реализација на концептот на одржливи градови.

На семинарот учествуваат и повеќе реномирани домашни експерти и професори од архитектонскиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.