Хојт Ји утре во Македонија
За три месеци, ова ќе биде втора посета на Хојт Ји на Македонија. Последен пат беше на почетокот на март, кога главна тема на разговорите беа спроведувањето на политичкиот договор, подготовките за изборите, работата на Специјалното обвинителство.

Американскиот заменик – помошник државен секретар за Европа и Азија, Хојт Брајан Ји, утре треба да пристигне во Скопје. Заменикот на Викторија Нуланд во земјава се очекува да престојува два дена и да се сретне со политичките лидери- потписници на договорот од Пржино, за да разговара околу начините за излез од политичката криза.
За три месеци, ова ќе биде втора посета на Хојт Ји на Македонија. Последен пат беше на почетокот на март, кога главна тема на разговорите беа спроведувањето на политичкиот договор, подготовките за изборите, работата на Специјалното обвинителство.
Неделава се очекува во земјава да дојде и специјалниот пратеник за Македонија, амбасадорот Јоханес Хајндл. При неговите средби минатата недела со лидерите на четирите политички партии и со амбасадорите на ЕУ и САД изјави дека дошол да се запознае со ситуацијата и првенствено да ги слушне нивните ставови.
