Брисел: Нема услови за кредибилни избори на 5-ти јуни
Европската унија бара лидерите да се посветат на решавањето на проблемот за владеењето на правото, што вклучува и повлекување на аболицијата...

„Поради неучеството на три од четирите најголеми партии, сметаме дека нема услови за кредибилни избори на 5-ти јуни“ – став на официјален Брисел. Европската унија бара лидерите да се посветат на решавањето на проблемот за владеењето на правото, што вклучува и повлекување на аболицијата.
„Ние видовме дека неколку партии не поднесоа листа на кандидати до Државната изборна комисија до крајниот рок и со тоа, не гледаме дека има минимум услови за кредибилни избори на 5-ти јуни што ќе бидат признаени од меѓународната заедница. Ние веруваме дека под постојаните услови, секоја влада што ќе произлезе како резултат на избори што би се одржале без учество на трите главни политички партнери на Унијата нема да може да биде кредибилен партнер на меѓународната заедница. Затоа ги повикуваме политичките лидери да преземат одлучувачки чекори за решавање на состојбата со целосно почитување на договорот од Пржино“, изјави портпаролката Маја Коцијанчич.
