Во петок матурантите ќе танцуваат квадрил

17.05.2016 14:35

Во петок по 10-то пат матурантите ќе танцуваат во еден ист ритам, заедно, сплотени. Матурската парада како и секоја година ќе започне точно напладне, а годинава се очекува над 1.000 матуранти да го заиграат танцот квадрил.

В петок напладне, матурантите по 10-ти пат ќе танцуваат квадрил. Во повеќе земји во исто време ќе се одржи матурската парада. Годинава со повеќе учесници и пораки. 

Оваа година се очекува да танцуваат повеќе од 2,5 илјади матуранти од цела македонија. Од Град Скопје велат дека мај е месец на матуранти. Оваа манифестација е само почеток на активностите.

Вкупната бројка на учесници во матурската парада во изминативе 9 години е 14.698 на ниво на Република Македонија, од кои 6.552 се учесници само во Скопје.

Оваа година покрај матурантите од Скопје ќе се танцува и во Струга, Охрид, Струмица, Валандово, Гевгелија и во Неготино.

 

Ана Јосифоска- Тодоровска