За порибување 14,6 милиони денари
28.01.2014 08:54
14,6 милиони денари од државната каса ќе се потрошат за зголемување на рибниот фонд во Македонија. Порибувањето и годинава е обврска на концесионерите кои ќе се субвенционираат.

Вкупно за оваа намена се издвоени 14,6 милиони денари. Во риболовните подрачја и зони порибувањето ќе се финансира со 100 проценти од прифатливите и одобрени трошоци .
За збогатување на Охридско Езеро со подмладок од пастрмката ќе се потрошат 13 милиони денари,а порибувањето на Дојранско и Преспанско Езеро со крап финансиски ќе се поддржи со 1,6 милион денари.
Koрисници на овие субвенции може да бидат само регистрирани репроцентри за рибен подмладок кои ги порибуваат риболовните води.
Барањата за користење на средства се поднесуваат до Министерството за земјоделство најдоцна до 10 ноември годинава.
Исплатата се врши врз основа на договор за обазбедување на подмладокот и извршеното порибување.
Методија Трајков
