Утре судската администрација стапува во штрајк

17.05.2016 14:48

Револтот на вработените е толку голем што тие не ќе можат да преземат одговорност за што и да се случи.

Од утре судската администрација стапува во штрајк сѐ до исполнување на барањата. Од Синдикатот велат дека се одлучиле на ваков чекор бидејќи владата иако ветила не исплатила 35 отсто поголеми плати.

Постапката, тврдат,  била заглавена во Министерството за финансии. Револтот на вработените е толку голем што тие не ќе можат да преземат одговорност за што и да се случи.

Во судовите ќе се работат само притворски предмети, предмети со странски елементи и ќе се издаваат уверенија за патувања во странство и вработувања.