ДОМ: Избори на 5-ти јуни не може да има

17.05.2016 15:01

Ко- претседателот на европските зелени, Бутикофер ги поддржа барањата на ДОМ и искажа загриженост од актуелната политичка ситуација во земјава...

Ставот на ДОМ е дека избори на 5-ти јуни не може да има, затоа што нема елементарни услови тие да бидат демократски, вели претседателката на партијата Лилјана Поповска.

Според неа менаџирањето на кризата треба да добие нова динамика за да се избегнат натамошните штети за Македонија.

На заедничката прес конференција, ко- претседателот на европските зелени, Бутикофер ги поддржа барањата на ДОМ и искажа загриженост од актуелната политичка ситуација во земјава.