Уставен суд: Утре расправа за распуштање на Собранието

17.05.2016 15:08

Уставниот суд утре ќе расправа за иницијативата на Демократската унија за интеграција за преиспитување на уставноста на одлуката за распуштање на Собранието...

Уставните судии ќе ја разгледаат иницијативата  за оценување на уставноста на одлуката за распуштање на законодавниот дом. Иницијативата беше поднесена во петокот од Талат Џафери од Демократската унија за интеграција.

Деновиве повеќе политички субјекти побараа свикување на Собранието за одложување на предвремените парламентарни избори закажани за 5-ти јуни. Претседателот на Собранието, Трајко Велјаноски, вчера го повтори ставот дека не постои уставна можност да свика седница на веќе распуштено Собрание.

Уставниот суд и официјално на својата интернет страница за утре ја закажа седницата на која што ќе се расправа за поднесената иницијатива за оценка на уставноста и законитоста на одлуката за распуштање на Собранието, поднесена од ДУИ.

Ова е единствената точка која уставните судии ќе ја разгледуваат на седницата. Иницијативата од ДУИ содржи нови елементи и бара итно разгледување, појаснуваат од највисоката судска инстанца. Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов оценува дека одлуката за самораспуштање на Собранието е противуставна и како што вели, ги прифаќа издвоените мислења на тројцата судии во врска со нивната предходна иницијатива.

Седницата на Уставниот суд е загашана за утре во 9 часот.

 

Наташа Гркова- Петрушевска