Метео: Преодно стабилизирање на времето

17.05.2016 15:25

Нови врнежи се очекуваат од петок.

Утре и во четврток во Македонија се очекува преодно стабилизирање на времето. Ќе биде сончево и малку потопло со слаб до умерен ветер.

Во текот на утрешниот ден ветерот ќе дува од северозапад, а во четврток ќе го промени правецот во јужен и ќе услови пораст на температурите.

Нови врнежи се очекуваат од петок.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска