ЕК: Нема услови за кредибилни избори на 5-ти јуни

17.05.2016 16:12

„Нема услови за кредибилни избори на 5-ти јуни поради неучеството на три од четирите најголеми партии“ - порака од Европската комисија. Поради тоа, вели портпаролката Маја Коцијанчич, секоја влада што ќе произлезе како резултат на избори што би се одржале без учество на трите главни политички партнери на Унијата нема да биде кредибилен партнер на меѓународната заедница...

Откако три од четирите најголеми партии во земјата не поднесоа кандидатски листи до ДИК, ние проценуваме дека нема услови за кредибилни избори- ова е ставот на Европската Комисија, истакна портпароката Маја Коцијанчич, упатувајки ги политичките лидери на целосна имплементација на Пржинскиот договор, особено во делот на прочистување на избирачкиот список, медиумската избалансираност и владеењето на правото.

Ние веруваме дека било која Влада која ќе произлезе од овие избори во кои не учествуваат останатите три партии, нема да биде кредибилен партнер за меѓународната заедницаОчигледно е дека итно политичките лидери во земјата треба да ги адресираат и проблемите со владеење на правото без одлагање. Ова на пример вклучува приспитување на неодомнешната аболиција од страна на претседателот. Едноставно правдата мора да надвладее“, рече Коцијанчич.

Како никогаш досега политичката состојба во Република Македонија го привлече вниманието на странските дописници во Брисел. Со повторување на само една реченица портпаролката на шефицита на европската дипломатија Могерини, одговараше на прашањата како меѓународната заедница ќе соработува со за нив некредибилна влада,  во поглед на мигрантската криза, доколку се земе в предвид дека Македонија е на главната траса и спроводник на мигрантите кои се упатуваат кон границите на Европската унија, потоа ѝ беше побарано да објасни за какви демократски избори се залагаат, дали за легитимни или политички прифатливи за меѓународната заедница, и секако врз што го усвојуваат заклучокот за немање услови за избори кога Државната изборна комисија веќе се произнесе дека земјата е подготвена за предвремени парламентарни избори.

Знате како со овие прашања… Затоа ние ги повикуваме политичките лидери и релевантните субјекти да пристапат кон целосно имплементирање на Прижинскиот договор. Очигледно е дека треба нешто да се стори, ние веруваме дека токму ова е тоа. Подготвени сме да помогнеме, но одговорноста е на политчките лидери во земјата“, изјави Коцијанчич.

Коцијанчич потенцираше и дека актуелната политичка криза ја одалечува Република Македонија од евроатланските интеграции.

 

Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ