Гарет: Непристрасното известување важно и за тековната ситуација и за во иднина
„Непристрасно емитување на вестите важно и за тековната ситуација и за во иднина“- порака од британскиот амбасадор, Чарлс Гарет кој денеска беше во посета на Македонската радио-телевизија. Со менаџментот и со уредувачкиот тим разговараше за текот на имплеметирањето на етичките и професионалните принципи за време на изборен процес кои беа изготвени според стандардите на БИ- БИ- СИ...

„Слушнав дека сѐ оди мошне добро – тоа е знак за непристрасното емитување на вестите што е важно и за тековната ситуација и за во иднина“- ова е впечатокот на британскиот амбасадор, Чарлс Гарет кој денеска беше во посета на Македонската радио-телевизија. Со менаџментот и со уредувачкиот тим разговараше за текот на имплеметирањето на етичките и професионалните принципи за време на изборен процес кои се изготвени според стандардите на БИ- БИ- СИ.
„Слушнавме дека сѐ оди мошне добро, и сметаме дека тоа е добар знак дека МРТВ може да го зајакне својот пристап во поглед на телевизиското и радио емитување, да се урамнотежи кон непристрасно емитување на вестите што секако е многу важно за тековната ситуација, но гледано нанапред, важно е и за идните избори во оваа земја“, рече амбасадорот Гарет.
Личниот интегритет и општествената одговорност на вработените во јавниот сервис, пред сѐ на новинарите и уредниците, треба да биде правило, не само за време на изборниот процес, туку практика во секојдневното работење, вели извршниот директор, Марјан Цветковски.
„Овој период што е зад нас, и овој период што доаѓа пред нас, дека Македонската радио-телевизија, почитувајќи ги овие професионални стандарди за избалансирано известување, ќе придонесе дополнително ситуацијата во Република Македонија да биде стабилизирана“, вели Цветковски.
Целта на имплементирањето на принпципите е да се постигне избаланисран и непристрасен приспат во известувањето на изборите, за граѓаните да добијат јасна слика за различните политички гледишта.
Миле Ристески
