Македонската Царина со ниво на услуги како во ЕУ
Намалени трошоци, поедноставени формалности – македонската Царината со ниво на услуги како оние во земји од европската унија. Комплетиран проектот за поефикасна трговија со стока...

Намалени трошоци и поедноставени царински формалности во трговијата со стока – ова се резултатите од заедничкиот проект на Македонија и на Словенија за усогласување на домашното со европското законодавство. Проектот траеше две години. Словенците велат дека македонската Царина сега може да понуди услуги на исто ниво со оние во ЕУ.
Според словенечкиот амбасадор, побрзиот и поевтин транзит на стоката веќе влијае позитивно врз конкурентноста на македонската економија и трговската размена.
За директорката на Царинската управа, целта на проектот е постигната, се работи на нов систем за обработка на царинските декларации.
Во Твининг - проектот беа вклучени 30 словенечки експерти, чинеше 900 илјади евра.
Сунчица Николоска
