Оглас за закуп на државно земјиште во Струмица

18.05.2016 10:15

Во село Бањица, струмичко се нудат под закуп 36 хектари државно земјоделско земјиште. Површините се наменети за поддигнување на долгогодишни насади и за оранжерии. Распределбата е по пат на електронско јавно наддавање.

Понудените површини се наменски за подигање на долгогодишни насади на лозја, овоштарници или хмељ и за изградба на оранжерии.

Времетраењето на закупот е до 30 години.

Право на учество на јавниот оглас имаат домашни физички и правни и странски правни лица кои мораат да достават и банкарска гаранција за учество на јавното наддавање во висина на деветмесечна закупнина.

Изборот на најповелен понудувач е електронски.

Почетната цена за долгогодишните насади е 2.740, а за оранжеријата 1.260 евра.

Понудите се поднесуваат во рок од 30 дена од денот на објавувањето на јавниот оглас.

 

Методија Трајков