Пресуда за петмина обвинети во случајот „Ќелија“
18.05.2016 10:25
Обвинителот, за сите побара затворски казни, а одбраната поблаги санкции.

Во скопскиот кривичен суд треба да бидат соопштени пресудите за уште 5-мина обвинети во случајот „Ќелија“ кои завчера ја признаа вината дека регрутирале лица за боиштата во Сирија.
Обвинителот, за сите побара затворски казни, а одбраната поблаги санкции.
Претходно, казна затвор од 5 години добија четворица обвинети, еден, 5 и пол години, а првоосомничениот, оџата од „Тутунсуз“ џамијата, Реџеп Мемиши, заработи 7 години робија.
