Петмина членови на ДИК упатија писмо до Вељаноски

18.05.2016 10:33

Вака спроведените избори би биле нелегитимни и некредибилни, тврдат иницијаторите на ова известување, членовите предложени од СДСМ, Дума и Милев.

Петмина членови на Државната изборна комисија упатија писмено известување до претседателот на Собранието Вељаноски дека на изборите на 5-ти јуни ќе има само една кандидатска листа. Вака спроведените избори би биле нелегитимни и некредибилни, тврдат иницијаторите на ова известување, членовите предложени од СДСМ, Дума и Милев.

Нивниот предлог го потпишале и претседателот на комисијата Чичаковски, членот од ДУИ Јакупи и независниот Прекопуца, кој од странство испратил депониран потпис.

Во услови на еден учесник во изборниот процес, се загрозува политичкиот плурализам и демократските избори и не може да се гарантира тајноста на гласањето, стои во иницијативата.

Се поставува и прашањето за целисходноста и економичноста на спроведување на изборите, со оглед на извесноста на резултатите во однос на распределба на мандатите.