Жестоки борби меѓу милитантни групи и ИД во западна Либија

18.05.2016 10:42

Станува збор за три населени места јужно од градот, вклучувајќи ја и областа абу Граин. Во нападите се убиени шест припадници на милитантните групи, а 17-мина се ранети.

Жестоки борби се одвиваат меѓу милитантите и борци на Исламската држава во западниот град Мисрата, во Либија, при што милитантите презеле неколку стратешки позиции, кои претходно кусо беа под контрола на ИД.

Станува збор за три населени места јужно од градот, вклучувајќи ја и областа абу Граин. Во нападите се убиени шест припадници на милитантните групи, а 17-мина се ранети.

И натаму траат судирите на околу 50 километри од сирт, во областа Кох која важи за упориште на ИД во Либија.