Клинтон победи во Кентаки, а Сандерс во Орегон
18.05.2016 11:24
Според аналитичарите, ваквиот сооднос се очекува да се задржи и при пребројувањето на преостанатите гласови.

Поранешниот американски државен секретар Хилари Клинтон победи на вчерашните прелиминарни избори за претседателски кандидат на Демократска партија во сојузната држава Кентаки, освојувајќи 46,7 насто од гласовите.
Нејзиниот противкандидат, сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс извојува победа во Орегон, со освоени 46, 3 проценти.
Според аналитичарите, ваквиот сооднос се очекува да се задржи и при пребројувањето на преостанатите гласови.
Американските медиуми објавија дека врз Сандерс се вриши притисок да се откаже од натамошната изборна трка, во услови кога Доналд Трамп е речиси сигурен претседателски кандидат на Републиканците.
