Затвор од две до 4,5 години за обвинетите во случајот „Келија“

18.05.2016 11:42

Сите се виновни за кривичното дело- учество во странска војска, полиција, паравоена или параполициска формација.

Скопскиот Кривичен суд им изрече затворски казни на петтмината обвинети во случајот „Ќелија“. На Иса Фуга му е одредена затворска казна од 4 и пол години, Абдула Абдулахим доби 3 години и едем месец, Ерол Рустеми 4, Имери Мухамеди и докторот Стефан Стефановски добија 2 години робија.

Сите се виновни за кривичното дело- учество во странска војска, полиција, паравоена или параполициска формација.

Во почетокот на март, казна затвор од 5 години добија четворица обвинети, еден 5 и пол години, а првоосомничениот, оџата од „Тутунсуз“ џамијата, Реџеп Мемиши, заработи 7 години робија.