Обама бара повеќе финансиски средства за борба против вирусот Зика
Администрацијата на Обама побара од конгресот да усвои закон со кој ќе се обезбедат 1,9 милијарди долари за борба против вирусот Зика, кој предизвикува оштетување на мозокот кај новороденчињата.

Белата Куќа остро се противи на предложениот закон за борбата против вирусот Зика, и тврди дека средствата се несоодветни за да го поддржат неопходниот одговор на заканата од страна на службата за јавно здравје.
Администрацијата на Обама побара од конгресот да усвои закон со кој ќе се обезбедат 1,9 милијарди долари за борба против вирусот Зика, кој предизвикува оштетување на мозокот кај новороденчињата.
По тримесечното одлагање денеска се очекува Сенатот на САД да гласа за овој закон, при што најверојатно ќе одобри 1,1 милијарди долари за борба против вирусот Зика.
