Над 150 затрупани во две свлечишта во Шри Ланка
18.05.2016 13:13
Поради свлечиштата и поројните дождови, властите во тој дел на земјата евакуирале над 196.000 лица.

Најмалку 150 лица биле затрупани под одрони на земјиште предизвикани од две свлечишта во централните делови на Шри Ланка, предизвикани од поројните дождови што ја зафатија земјата.
Спасувачките екипи досега извлекле 35 тела. Поради свлечиштата и поројните дождови, властите во тој дел на земјата евакуирале над 196.000 лица.
Најтешка е состојбата во реонот на градот Аранајака, на 100 километри североистоно од Коломбо, каде свлечиштата срамнија со земја и затрупаа три села.
