15 лица приведени во операција против ИД во Истанбул
18.05.2016 13:19
Полицајци од одделот за борба против тероризмот рано изутрината извршиле акции на десет локации во неколку населби.

15 лица биле приведени во полициска акција против припадници на Исламска држава во Истанбул. Полицајци од одделот за борба против тероризмот рано изутрината извршиле акции на десет локации во неколку населби.
Во операцијата биле вклучени и специјални единици и припадници на силите за брза реакција, како и хеликоптери. Приведени биле и петмина сиријци, за кои се тврди дека биле обучени за извршување напади и десет други лица, кои им помагале.
Приведените се испратени на сослушување во полиција.
