Кривична пријава за Виничанец, тргувал со марихуана
18.05.2016 13:26
При претрес во неговиот дом се пронајдени над 14 килограми дрога и артефакти за кои подоцна е утврдено дека немаат културно историска вредност.

Полицијата поднесе кривична пријава против 59 годишен Виничанец под сомнение дека неовластено тргувал со марихуана.
При претрес во неговиот дом се пронајдени над 14 килограми дрога и артефакти за кои подоцна е утврдено дека немаат културно историска вредност.
Одземените предмети бииле испратени на вештачење. Во археолошкиот музеј е утврдено дека предметите не се дела со историско наследство и немаат културно историска вредност, односно станува збор за фалсификати.
