Предложено одложување на изборите без нов датум

18.05.2016 14:01

Во 16 часот закажана собраниска седница. На дневен ред е предлогот на координаторот на пратеничката група на ДУИ, Талат Џафери за изменување на изборниот законик...

Претседателот на Собранието во 16 часот закажа собраниска седница. На дневен ред е предлогот на координаторот на пратеничката група на ДУИ, Талат Џафери за изменување на изборниот законик, по скратена постапка, со која се бришат членовите каде се предвидува одржување на предвремени парламентарни избори на 5-ти јуни. Нов датум за избори не се предвидува.

Претседателот на Собранието во соопштението за свикување на Парламентот наведува дека натамошниот развој на демократските процеси во земјава најдобро може да се оствари во парламентот, заради што ги повикува сите пратеници независно од политичката определба да земат свое активно учество.