Шри Ланка: Околу 200 семејства затрупани во свлечиштата

18.05.2016 14:43

Поради свлечиштата се евакуирани и над 196.000 лица. Најтешка е состојбата во реонот на градот Аранајака, на 100 километри североистоно од Коломбо, кадешто три села се срамнети со земја.

Спасувачките екипи трагаат по повеќе од 200 семејства за кои се верува дека се затрупани под големи одрони од кал во три села во централниот дел од земјата, предизвикани од поројните дождови коишто три дена паѓаат без престан. Спасувачките екипи досега извлекле 35 тела, а портпаролот на војската изјавил дека се спасени околу 150 луѓе кои успеале да го преживеат одронот кој ги уништил нивните села. Поради свлечиштата се евакуирани и над 196.000 лица. Најтешка е состојбата во реонот на градот Аранајака, на 100 километри североистоно од Коломбо, кадешто три села се срамнети со земја.

Кабинетот денеска исплати 150 милиони рупии во одделот на социјалните служби за помош на оние на кои им е непоходна. На сопствениците чиишто домови се целосно или делумно уништени ќе им биде доделена помош за реизградба“, изјави Анура Јапа министер за справување со катастрофи.

Претставник на Црвениот Крст на Шри Ланка изразил стравување дека конечниот биланс на жртвите ќе биде многу поголем од досега официјално соопштните бројки. Според него, најверојатно животот го загубиле меѓу 300 и 400 луѓе.

Во меѓувреме, властите соопштија дека воени хеликоптери успеале да евакуираат над 200 лица, кои останале блокирани во северозападниот крајбрежен регион Путалам. Властите упатија апел до јавноста да испрати вода, храна и хигиенски препарати во погодени региони.

Минатата година најмалку 280 луѓе загинаа во еденомесечните поројни дождови што ја погодија областите Ченаи и Тамил Наду. Дурги делови на Индија, пак, со недели се соочуваат со суша.

 

Марина Автовска