Судската администрација бара повисока плата

18.05.2016 14:48

Судската администрација го активира штрајкот со барање за исплата на додатоци на плата во висина од 35 проценти исто како што тоа е предвидено кај судиите, јавните обвинители и службениците во јавните обвинителства. Штрајкот се одвива во судовите и се работат само итните предмети.

Судската администрација штрајкува. Бара повисоки примања за 35 проценти. Велат дека сега се вршат само неопходните работи - итни предмети  и издавање уверенија за странци или за вработувања.

Од УПОЗ соопштуваат дека штрајкот се одвива без никакви проблеми, иако во одредени судови биле регистрирани притисоци.

Од УПОЗ велат дека имале средба со министерот за правда и  очекуваат да се најде решение за нивните барања.

Ана Јосифоска- Тодоровска