ССК: Само два отсто од жените во Македонија се на раководни позиции во големите компании
Само два насто од жените во земјава се на раководни позиции во големите компании, велат од Сојузот на стопански комори...

Слабата економска моќ, предрасудите, стереотипите и семејните обврски се се уште најчестите причини, поради кои во Македонија е многу мал бројот на жени претприемачи. Само два насто од жените во земјава се на раководни позиции во големите компании, велат од Сојузот на стопански комори.
„Само два отсто од жените во Македонија се на раководни позиции во големите компании, околу 32 проценти се жени во претприемништвото, а помалку од четири отсто се жени сопственици на бизнис“, изјави Тања Дејаноска од Сојузот на стопански комори.
Жените на менаџерска позиција се главно присутни во финансискиот сектор, образованието, агробизнисот, текстилната индустрија, ИТ, медицината.
