Хојт Брајан Ји на средби со политичките лидери
18.05.2016 15:08
Во седиштето на СДСМ во тек е средбата со Заев. Се очекува Брајан Ји да разговара и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски.

Заменик-помошникот државен секретар на САД за Европа и Азија, Хојт Брајан Ји, пристигна во Македонија. На одвоени средби разговараше со лидерите на ДУИ и на ДПА, Ахмети и Тачи.
Во седиштето на СДСМ во тек е средбата со Заев. Се очекува Брајан Ји да разговара и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски.
Заменикот на Викторија Нуланд, во Скопје доаѓа вторпат за три месеци.
Лидерот на ДПА, Тачи, вели дека одлуката на Уставниот суд е договор меѓу ВМРО- ДПМНЕ и СДСМ. Не потврдува, дали пратениците од неговата партија ќе учествуваат на собраниската седница.
