Поблиска соработка за поефикасно справување со предизвиците од мигрантската криза

18.05.2016 15:32

Aмбасадорот Игор Џундев, шефот на македонската делегацијата кој ја претставува нашата земја на 126-тата сесија на Комитетот на министри на Советот на Европа што се оддржува во Софија истакна дека е неопходна тесна соработка меѓу државите со цел справување со кризата...

Мигрантскта криза е прашање кое никој самостојно не може да го решава, а тоа доведе до поблиска соработка меѓу државите со цел поефикасно да се борат со овој заеднички предизвик. Тоа е случај и при справувањето со тероризмот, насилниот екстремизам и феноменот на странските борци, истакна амбасадорот Игор Џундев, шефот на македонската делегацијата кој ја претставува нашата земја на 126-тата сесија на Комитетот на министри на Советот на Европа што се оддржува во Софија.

Поздравувајќи го договорот меѓу Европа и Турција, Џундев истакна дека е неопходна тесна соработка меѓу државите со цел справување со кризата. Во последната година, истакна македонскиот шеф на делегацијата, повеќе од 700 илјади бегалци поминале низ нашата земја, но посочи и дека Македонија во целост ги испочитувала стандардите и препораките од Унијата во однос на напливот бегалци.

Освен мигрантската криза, Советот на Европа става акцент и на прашањата поврзани со демократската безбедност, судската независност, слободата на медиумите и човековите права.

„Кризите пред коишто сме исправени се глобални и ги надминуваат нашите граници. Сведоци сме на конфликти кои не стивнуваат, на растечки екстремизам, расизам и радикализација, дискриминација, религиозна и етничка нетолерантност. Вредностите на обединета Европа се ставени под знак прашање, благодарение на популистичките и националистички партии кои го користат стравот на луѓето од нестабилност. Не можеме да си дозволиме да чекаме, да одложуваме или да ги прфрлиме проблемите на следното поколение“, изјави Росен Плевнелиев – претседател на Република Бугарија.

Со оваа сесија завршува бугарското претседавање со Комитетот на министри од Советот на Европа. Во наредните шест месеци со овој комитет ќе претседава Естонија.

 

Анита Димитријевска, специјален известувач од Софија за МРТ