Сенаторите Меккејн и Марфи за НАТО и Македонија

28.01.2014 10:14

„Не е разбирливо како името Македонија е пречка за приемот на Македонија во НАТО“-истакна американскиот сенатор Џон Меккејн во Вашингтон. Влезот на Македонија во Алијансата го поддржуваат и Демократите и Републиканците во Американскиот Сенат.

„Не е разбирливо како името Македонија е пречка за приемот на Македонија во НАТО“-истакна американскиот сенатор Џон Меккејн во Вашингтон. Влезот на Македонија во Алијансата го поддржуваат и Демократите и Републиканците во Американскиот Сенат.

Кредибилитетот на НАТО како најефикасен воен и политички сојуз треба да се одржува и преку проширувањето со нови земји членки, оценуваат сенаторите Џон Меккејн и Кристофер Мрфи. Сенаторот Републиканец од Аризона, Џон Меккејн истакна дека не може да го разбере блокирањето на членството на Македонија во НАТО од страна на Грција.
 
„Случајот на Македонија и Грција е едноставно неразбирлив за многу од нас, иако од време на време сме брифирани колку е важно името за грчките пријатели. Или ќе продолжиме да се надеваме дека ова ќе бие разрешено или не можам да разберам како да се има име Македонија е толку навредливо за нашите пријатели во Грција. Тоа е нешто што не успевам да го разберам“ -Изјава Џон Меккејн- сенатор
 
Демократите и Републиканците сметаа дека Соединетите Американски држави подзаборавиле на НАТО и дека повторно треба да се активираат во политиката на Алијансата, вклучувајќи го и проширувањето.
 
„ Знам дека многу луѓе се загрижени дека некои очекувања за проширувањето нема да бидат исполнети на следниот самит. Кога го разгледувате список на земји кандидати, постојат индивидуални причини зошто овие држави не станале членки пред година или две. Во случајот на Македонија, спорот со името, за Грузија, безбедноста на границите. Треба да продолжиме да работиме на проширувањето, бидејќи по неколку самити без проширување, се јавува ефект на оладување кај кандидатите.“- Изјава Кристофер Мрфи-сенатор
Вратите на НАТО треба да останат отворени за идното членство на Македонија, Црна Гора, Грузија и Украина, оценуваат американските сенатори.
 
„Републиканците и Демократите се согласуваат дека на престојниот самит на НАТО главна тема треба да биде мисијата во Авганистан и зголемувањето на воени буџети на европските сојузници.“