Амбасадата на САД ја поздрави одлуката на Уставниот суд, бара поништување на помилувањата
Ова претставува обновена можност за Собранието и за политичките лидери, да покажат на дело дека се силно посветени на пржинскиот договор и неговите начела- владеење на правото, одговорност, инклузивност и кредибилни избори- велат од американската амбасада...

Американската амбасада во Скопје ја коментираше одлуката на Уставниот суд. „Ова претставува обновена можност за Собранието и за политичките лидери, да покажат на дело дека се силно посветени на пржинскиот договор и неговите начела- владеење на правото, одговорност, инклузивност и кредибилни избори. Оваа рамка и понатаму претставува најдобар начин за земјата да излезе од сегашната криза“ – се вели во соопштението од американското диппломатско претставништво.
САД сметаат и дека итно треба да се поништат помилувањата, а политичките партии недвосмислено да го поддржат Специјалното јавно обвинителство.
„Претстојат тешки реформи. Процесот на реформи мора да биде инклузивен и да ги вклучи перспективите на опозициските партии и граѓанското општество. Соединетите држави нема да поддржат пристапи што не ги почитуваат овие принципи“- се вели во дописот, во кој е наведено и дека се потреби дела за враќање на земјата на евро-атлантскиот пат.
